Ова е најздодевниот телефон на светот: Осмислен е да се носи кога излегувате и да биде сè освен паметен телефон!

Точка

20/04/2024

10:36

5.441

Големина на фонт

а а а

Кога се пишува за мобилни телефони во последниве години, тоа во главно изгледа така што се зборува за камери и колку и што можат тие да направат, а малиот простор што останува е исполнет со приказни за други карактеристики на телефонот. Но, еве еден уред кој не е таков.

Производителот на телефони „HMD“, кој е најпознат по своите „Nokia“ уреди, најави многу интересна соработка со „Heineken“. Плодот на таа соработка ќе биде уред кој ќе биде произведен во само пет илјади примероци, а сите примероци ќе бидат дистрибуирани.


Станува збор за уред со многу интересно име – „Boring Phone“ или „здодевен телефон“, кој има за цел да биде сè што не се паметните телефони. Телефонот е базиран на моделот „Nokia 2660 Flip“, но изгледа многу попривлечно бидејќи е проѕирен, а ќе користи специјална монохроматска тема. Има два екрани, главниот е 2,8 инчи, а вториот кој се гледа кога телефонот е затворен е 1,77 инчи.


Телефонот е заснован на „Mocor RTOS“ софтвер, можете да фаќате FM радио станици, има приклучок од 3,5 милиметри, а тука е и легендарната игра „Snake“. Поддржува 4G мрежа, а има и можност за користење на две SIM картички. Телефонот доаѓа со 128 мегабајти меморија, која може да се прошири со microSD картички. Батеријата има капацитет од 1450 mAh. Иако ова е телефон кој не сака да има никаква врска со паметните телефони, произведувачот сепак не издржал да го „унапреди“ бидејќи доаѓа со: камера од 0,3 мегапиксели.


Ако се прашувате зошто сето ова, ова е едноставно плод на споменатата соработка каде креаторите на овој проект се обидуваат да го свртат вниманието на луѓето да ги користат телефоните повеќе за нивните примарни карактеристики, како примање повици и пораки, а „Boring Phone“ ќе се обиде да ви заштеди повеќе време за вистинско дружење со пријателите при излегувањата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг