Електричниот модел на „Ferrari“ ќе биде посебен, а еве и зошто

Точка

23/03/2024

11:33

6.882

Големина на фонт

а а а

Неодамна бевме сведоци на снимки од соборување на рекордот за брзина на круг во Нирбургринг во режија на бруталното и многу тивко „Porsche“. Ако се прашувате дали и електричното „Ferrari“ ќе биде толку тивко, знајте дека Италијанците имаат некои поинакви идеи.

Италијанците се мајстори за дизајн, но се подеднакво добри кога треба да обезбедат уживање во возењето. Свесни дека звукот е составен дел од доживувањето при возењето, посебно ќе се потрудат на електричното „Ferrari“ кое доаѓа веќе следната година.

Стил и перформанс пред сè

Првиот човек на „Ferrari“ Бенедето Вигна неодамна на „CNBC“ откри дека „Ferrari“ ќе продолжи да ги нагласува стилот и перформансите во своите електрични автомобили и дека тие нема да го изгубат единственото чувство на марката.


Вигна нагласил дека „електричните автомобили не се тивки“ и повторил дека „Ferrari“ работи на единствени „звучни потписи“ за своите модели. Тие уште во 2023-та година патентираа звук за „издувот на електричните модели“.

Вигна објаснува дека технологијата ќе му овозможи на „Ferrari“ да направи многу работи со звукот. Бидејќи клиентите на „Ferrari“ не се многу загрижени за функционалноста, ќе можат да се сконцентрираат на пружање на емоции на своите клиенти.


Остануваат верни на класиката

И покрај охрабрувањата и ветувањата поврзани со понудата за електричните модели, „Ferrari“ останува верен на класиците. Новиот производен погон ќе биде задолжен за компонентите својствени за електричните модели, додека постоечките и натаму ќе произведуваат класични модели.

Имено, Вигна не верува дека моторите со внатрешно согорување во целост ќе изчезнат од пазарот на луксузни автомобили. Нивниот план е да електрифицираат 60 проценти од својата линија до 2026-та година, а Е-горивото го гледаат како една од алтернативите поради кои ќе опстанат и класичните модели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг