Употребете ја бананата на овој начин и вашите растенија ќе ви бидат навистина благодарни.
Бананите за многумина се омиленото овошје, но освен што се здрави и вкусни, тие можат да бидат многу корисни – како главна состојка во бројни рецепти.
Не само што тие се корисни во разновидната и избалансирана исхрана поради богатиот нутритивен профил, туку тие можат да донесат и повеќекратни бенефити за вашите домашни растенија.
Имено, еден корисник на ТикТок споделил прекрасен трик со банани со кој тие целосно се користат откако ќе се изедат.
Кога ќе ја излупите бананата, нејзината лушпа немојте да ја фрлате, туку дополнително излупете ја однатре, да биде што помека.
Лушпата од банана потоа ставете ја во тегла полна со вода, и така оставете состојките да отстојат во текот на една вечер.
Наутро, извадете ја лушпата од водата, а водата искористете ја да ги полеете растенијата.
„Користете ја оваа вода на растенија кои сакаат калциум за истите да цветаат што повеќе“, се советува во видеото на ТикТок.