Иако флертувањето често води до подлабоки врски, некои поединци немаат потреба да одат подалеку од безгрижното флертување. За нив флертувањето е само начин на забава и потврда на сопствената привлечност, а не прв чекор во развивање на романтична врска.
Во продолжение дознаваме во кои хороскопски знаци се родени луѓе кои се склони кон флерт, иако немаат интерес да воспостават подлабоки емотивни врски.
Познати по својата дружељубивост и комуникативност, Близнаците уживаат да запознаваат нови луѓе и да разменуваат идеи. Тие се мајстори за флертување, но нивната потреба за промени често ги спречува да воспостават подлабоки и потрајни врски. За Близнаците флертувањето е само игра, а не пат до емоционална интимност.
Водолиите се независни, иновативни и понекогаш ексцентрични, а исто така длабоко се грижат за пријателствата и социјалните активности. Иако се отворени за запознавање нови луѓе, Водолиите можат да бидат резервирани кога станува збор за длабоки емотивни врски. Флертувањето им служи како средство за истражување на интелектуалната компатибилност без потреба од емоционална посветеност.
Стрелците се страствени и интересни, што ги прави еден од најатрактивните хороскопски знаци. Сепак, нивната потрага по следната голема авантура често ги држи подалеку од долгорочните емотивни обврски. За Стрелецот флертувањето е само уште една авантура, а не чекор кон создавање подлабока врска.
Овните се страствени и подготвени да преземат иницијатива, а флертувањето го користат за да го привлечат вниманието на другите луѓе. Сепак, нивната желба за нови и возбудливи искуства може да ги оттргне од идејата за стабилност што ја обезбедува долгорочната врска. Флертувањето му помага на Овенот да остане динамичен и ангажиран, но без длабоко емоционално вложување.