Се огласи и таткото на Бјанка Ценсори којшто сака да каже само една работа за Канје Вест.
Бјанка Ценсори во Италија пристигнала со сопругот Канје Вест и одлучила на одмор да носи само долна облека.
Така била забележана и како оди на вечера, во проѕирен комбинезон под којшто не носела ништо.
Се шпекулира дека Бјанка би можела да биде казнета околу 150.000 евра затоа што свесно во јавноста покажува голотија.
Но, очигледно е дека на Бјанка тоа воопшто не ѝ пречи, зошто и кога шетала по улиците на Париз таа практично била гола.
Нејзиниот нов „стил“, Канје го најавил во јануари со објава од неговата речиси гола сопруга со опис: „Годинава – без панталони“.
Од тој момент Бјанка во јавноста се појавува во шокантни изданија. По прашањето појавување на Бјанка во јавноста во оскудни изданија се огласил и нејзиниот татко којшто за сѐ го обвини Канје Вест.
Упатен извор во целата ситуација вели дека семејството е повредено и шокирано поради тоа што нивната ќерка и сестра шета гола наоколу.
Нејзиниот татко наводно му поставил прашање на Канје: Како би се чувствувал тој доколку неговите ќерки, Норт и Чикаго еден ден би шетале така голи на улица?
„Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша зошто мисли дека кога парадира со Бјанка таа е како некој гол трофеј за него?“, вели извор близок до парот.
„Ниту еден нормален маж не би ја охрабрил сопругата да излезе гола во јавност. Ова не е љубов, туку чиста манипулација и контрола“, вели изворот за „Daily Mail“.