Навистина е лесна за подготовка, а сигурни сме дека откако еднаш ќе ја направите, често ќе ја имате на менито.
Потребни состојки:
- 2 моркови
- 2 компири
- 250 гр. брокула
- 2 лажици крем за готвење
- 2 лажици гриз
- 1 коцка за супа
- сол
- магдонос
Подготовка:
1. Во тенџере на оган ставете 1 литар вода и кога ќе зоврие, ставете ја коцката за супа. Додека водата врие, зеленчукот исечкајте го на коцки. Додадете го во супата и варете 15-20 минути, додека не омекне.
2. Додадете малку крем за готвење и посолете.
3. Откако ќе се свари, измиксирајте ја содржината со рачен блендер или испасирајте ја низ цедалка и вратете ја во водата. Потоа додајте го гризот со постојано мешање. На крајот посипете ја супата со сечкан магдонос.