Рецепт за колач со нескафе: Tолку кремаст и сочен, што веднаш се топи во уста

Кармин

26/02/2024

21:00

6.119

Големина на фонт

а а а

Рецепт за колач со нескафе, многу вкусен и сочен десерт којшто сигурно ќе ве воодушеви.

Состојки:

- 4 јајца;
- 7 лажици шеќер;
- 4 лажици џем по избор;
- половина чаша павлака;
- 4 лажици масло;
- 3 ќесички инстант кафе;
- 7 лажици брашно;
- половина ќесичка прашок за печиво;
- 200 милилитри млеко.


Подготовка:

1. Изматете ги посебно белките, посебно жолчките. Во жолчките додадете го шеќерот и продолжете со матење. Постепено додавајте џем, павлака, масло и ќесичка инстант кафе. На крај додадете го брашното и изматените белки. Печете на 220 степени Целзиусови околу 20 минути.

2. За тоа време ставете го млекото да се загрее, па во него додадете ја ќесичката инстант кафе. Испечениот колач прелијте го со смесата.

3. Кога добро ќе се излади, премачкајте го колачот со засладен шлаг во којшто сте додале уште една ќесичка инстант кафе и украсете по желба.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk