Зошто качамакот е најдобриот оброк? Доколку почнете да го јадете од денеска на овој начин, до крајот на неделата ќе ги исчистите цревата и ќе ослабнете

Кармин

19/02/2024

15:13

23.236

Големина на фонт

а а а

Качамакот е едно од најпознатите старински јадења кое се подготвува многу брзо. Освен тоа што е едноставно за подготовка, многу е здрав и без глутен. Делува стимулативно на варењето и на цревата, па се препорачува и за диета.

Во количина од 125 грама содржи 80 калории, 17 грама сложени јаглехидрати и само 1 грам масти.

Исклучително е здрав и посакуван во речиси секое мени. Кога не сте на диета, задолжително јадете го за појадок или вечера, а може и како прилог со месо и зеленчук.


Пченката е заслужна за сите добробити на ова превкусно јадење. Веднаш зад пченицата и оризот, пченката важи за најважната житарица на светот. Тоа е една од најдобрите намирници кои човековиот организам го исполнува со долготрајна добра енергија.

Пченкарното брашно содржи низа хранливи состојки. Тоа брашно е голем извор на фолат, витамин Б6, К и Е, пантотенска киселина, тијамин, рибофлавин и нијацин. Исто така може да се пофали и со големо количество на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Благодарение на пченката која ја содржи, качамакот има мал број калории во себе, па поради тоа е идеален оброк за слабеење.

Таа е една од најдобрите и најефикасни намирници кои се препорачуваат кога сте на диета.


Диета со палента по денови – мени:

1 ден

400 грама палента, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода.

2 ден

Дуплирајте го менито од првиот ден.

3 ден

400 грама палента, 300 грама зелена салата, 200 грама свежа зелка, 2 моркови, малку лимонов сок и 1 ќесичка маслиново масло, 2 литри вода, 3 шолји зелен чај без шеќер.

4 ден

Дуплирајте го менито од третиот ден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk