Сочни колачи кои се топат во уста? Да, и ние се настрвивме! А денес имаме токму таков рецепт.
Се прави брзо и лесно, со само пет состојки и за пет минути, барем без оној дел каде што нетрпеливо чекаме да се испече. Нема простор за грешка, па затоа пробајте ги овие чоколадни браунис коцки уште денес.
3 јајца;
1 чаша шеќер;
300 гр темно чоколадо;
2 лажици путер;
1 чаша брашно.
Јајцата и шеќерот убаво изматете ги со миксер или жица за матење.
Во друг сад растопете ја чоколадата со две лажици путер, па растопената смеса додадете ја во смесата од јајца и шеќер. Сè убаво соединете и додадете брашно.
Матете додека не добиете мазна, компактна смеса. Истурете ја во плех обложен со хартија за печење и печете на 175 степени околу 25 минути во загреана рерна.
Уживајте!