Мора да ги имате овие три собни растенија: Привлекуваат пари и среќа во љубовта, еве како да ги одгледувате и каде да ги ставите

Кармин

23/11/2023

14:16

9.808

Големина на фонт

а а а

Веројатно во вашиот дом негувате барем едно од овие собни растенија. А што поскоро набавете ги и преостанатите две. Тоа ќе го облагороди вашиот стан, а богами и вашиот живот.

Според толкувањата на фенг шуи, овие три собни билки во вашиот дом ќе привлечат љубов, пари и среќа.

Бамбус

Идеално собно растение бидејќи лесно се одржува, а привлекува позитивна енергија. Според фенг шуи, за среќа во љубовта и стабилен брак треба да имате два бамбуси во една вазна, за повеќе пари одгледувајте непарен број бамбуси, идеално 3 или 9.


Најдобра положба за нивно чување и одгледување е левиот агол на куќата, спроти влезната врата.

Орхидеја

Магичен цвет, кој во фенг шуи се користи за пронаоѓање нова љубов. Доколку сте осамени, искористете ја магијата на орхидејата и ставете една во спалната соба, идеално би било да ја чувате на масичката покрај креветот.


Златен бршлен

Се користи за отстранување на негативната енергија. Мртов агол во куќата или празни полици се идеално катче за златниот бршлен, кој ја впива сета негативна енергија од домот, а привлекува добри случувања и среќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk