Хормоните управуваат со расположението, метаболизмот, имунолошкиот систем, менструалниот циклус … додека хормоналниот дисбаланс може да влијае на целокупното здравје.
На нивното делување влијаат и фактори како стресот, лошата исхрана, недостатокот на физичка активност и сон. Доколку чувствувате хроничен замор, ако за кратко време качувате килограми, или доколку не можете да заспиете, голема е веројатноста дека тоа е навистина недостаток на хормонална нерамнотежа.
Иако треба да се консултирате со вашиот матичен лекар за подетални информации, би можеле да испробате и некои природни методи за воспоставување баланс.
Протеините се клучни за правилно функционирање на хормоните
По мислењето на научниците, на телото му се потребни 15-30 грама протеини по оброк дневно. Првенствено, јајцата се сметаат како идеален избор за консумирање и внес на протеини бидејќи, го намалуваат нивото на инсулин и грелин (хормонот одговорен за глад) и ја поттикнуваат работата на метаболизмот. Освен јајцата, леќата и рибата се богати со протеини. Но, протеинот не е единствениот важен сојузник. Внесот на здрави масти исто така е важен.
Исто како и протеинот, овие масти го намалуваат чувството на глад, а наместо да се складираат во масното ткиво, поголема е веројатноста да бидат преземени од црниот дроб и на тој начин да го стимулираат согорувањето на калориите.
Здравите масти како Омега-3 го намалуваат воспалението и проинфламаторните маркери, а се верува дека го спречуваат и зголемувањето на нивото на кортизол за време на стрес.
Овие масти ќе ги најдете во авокадо, бадеми, кикиритки, макадамија, лешници, масна риба, маслиново и кокосово масло. Истовремено, отфрлете ги лошите навики за консумација шеќер.
Користете адаптогени билки
Адаптогените се нетоксични материи чие дејство му помага на телото да се бори против стресот и помага да се зачуваат неговите функции. Една од најпознатите билки од овој вид е женшенот, но не е единствената. Меѓу нив е и тулси (свет босилек), кој се користи во ајурведската медицина, а при лекувањето, меѓу останатото и анксиозност, гадење, болки и настинки.
Црвена малина ги смирува болките во желудникот и грчевите, содржи танин кој помага во релаксирањето на мускулите.
Билка која се смета за идеално природно решение за непријатните женски проблеми, коноп. Познат уште од античко време, со своето влијание врз хипофизата, тој е од исклучителна помош за време на ПМС фазата или за циклична масталгија (болка во градите за време на циклусот).
Стимулирање на циркулацијата на крвта во пределот на карлицата
Покрај вежбањето и секако движењето, важно е да се стимулира циркулацијата на крвта во пределот на карлицата. Знаците дека треба да се обрати внимание на карлицата може да се откријат преку темната боја на циклусот или студенилото на телото на таа област на допир.
Ова може да се случи поради неправилно седење, недостаток на вежбање, прекумерна тежина, дијабетес или, на пример, хипертензија. Со нежно масирање на областа и користење на топла компресија од чај, повторно ќе ја стимулирате циркулацијата.
Покрај Кегеловите вежби, применете пливање или јога неколку пати неделно. Дополнително, добро е да се консумира храна богата со антиоксиданти, како што се боровинки, брокула, модар патлиџан.
Со проактивно дејствување и промислена консумација на здрава храна, можно е да се потпомогне балансот на хормоните и да се подобри целокупната здравствена слика.
Сепак, уште еднаш би сакале да потенцираме, доколку сè чувствувате исклучително уморни, не сте во состојба правилно да спиете … секако обратете се на експерт.