Исчезна украинскиот нацист на кого му аплаудираа во канадскиот парламент! Се огласи пријател на семејството

Точка

30/09/2023

09:30

5.121

Големина на фонт

а а а

Украинскиот сс-овец Јарослав Хунка и неговото семејство се кријат од јавноста по скандалот во канадскиот парламент, објави ТВ каналот „CBC“ повикувајќи се на пријател на семејството.

„Се плашат да излезат“, рекла пријателката Барбара Бонанфан, додавајќи дека не била запознаена со минатото на Хунка.

Според нејзините зборови, семејството Хунка не било известено за планот на канадските власти да се направи таков прием во парламентот, туку мислеле дека тој ќе биде во истата просторија со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Потсетуваме, на седницата на парламентот на Канада во чест на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на 22-ри септември, меѓу останатите, присутен бил и 98-годишниот Јарослав Хунка, кој претседателот на Долниот дом на парламентот со аплауз го претставил како „борец за независноста на Украина од Русите во текот на Втората светска војна“. Се утврдило дека Хунка бил припадник на доброволната дивизија „Галиција“ на СС трупите, во која имало украински нацисти и која освен што се борела против Црвената Армија, вршела злосторства над Евреи, Полјаци, Белоруси и Словаци.

Канадскиот премиер Џастин Трудо упатил извинување поради обраќањето на украинскиот нацист во канадскиот парламент. Трудо рекол дека ни тој ни делегацијата на Зеленски не биле запознаени со повикот во парламентот и планот да се оддаде почит на украинскиот СС војник, кој бил пронајден од претседателот на Долниот дом Ентони Рота. Трудо тврди дека станува збор за руска пропаганда.

Првата украинска дивизија или 14-та доброволна пешадиска дивизија на СС „Галиција“ била тактичка формација на нацистичка Германија во која служеле украински доброволци.