Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да му додева на светот.
Дури и неговите приврзаници сфатиле дека судирот во Украина, кој е финансиски многу тежок, е долгорочно неприфатлив, изјавил поранешниот премиер на Словачка и лидер на опозициската партија „СМЕР“ на Роберт Фицо.
„Погледнете како се менува односот кон украинскиот претседател. Светските лидери почнуваат да разговараат со Зеленски на друг јазик“, изјавил Фицо, кој инаку е фаворит за победа на изборите во Словачка, кои се одржуваат утре.
Тој нагласил дека на Зеленски не му било дозволено да зборува во Конгресот во текот на неодамнешното патување во САД, а во Канада активисти организирале митинг против неговата посета, што потврдува дека светот е уморен од Украина.
Фицо исто така го осудил оддавањето на почит на поранешниот припадник на СС дивизијата „Галиција“ Јарослав Хунка во канадскиот парламент, велејќи дека посебно бил шокантен аплаузот од Зеленски, чиј дедо бил војник на Црвената армија и се борел против нацистите.
„Канадскиот парламент во текот на посета на Зеленски со громогласен аплауз го поздрави 98-годишниот емигрант од Украина, кој е претставен како херој од Втората светска војна, кој се борел, не против фашистите, туку против Русија, односно против Црвената Армија во која имало претставници од сите националности од поранешниот Советски Сојуз. Слепилото е сега огромно и емигрант е награден со овации, и важно е дека се борел против Русија и воопшто не е важно што бил припадник на СС формација“, нагласил тој.
Фицо претходно рекол дека словачката војска страдала поради испораката на воена опрема за Вооружените сили на Украина, нагласувајќи дека, доколку неговата партија победи на парламентарните избори, ќе запре воената помош за Украина од Словачка.