Меланија сака да се заштити во случај Трамп да победи на изборите, сака промени во брачниот договор

Точка

29/09/2023

20:02

3.145

Големина на фонт

а а а

Изворот вели дека Меланија наводно не инсистира на договорот само поради можниот нов мандат, туку и поради неколкуте обвиненија кои се водат против Трамп.

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп наводно повторно преговара со сопругот, поранешниот претседател на САД Доналд Трамп за својот предбрачен договор и враќањето во Белата куќа доколку тој победи на претстојните избори.

„Минатата година, Меланија и нејзиниот тим тивко преговараа за нов договор меѓу неа и Доналд Трамп. Ова е трет пат Меланија повторно да преговара за условите на својот „воен“ договор“, тврди добро известениот извор.


Тој додава дека таа тоа го прави бидејќи е загрижена за својот син Барон.

Новиот договор меѓу сопружниците опфаќа и пари и имот.


„Знам дека сака да обезбеди повеќе пари. Исто така во договорот пишува кој е најмалиот износ кој Барон би требало да го добива“, додава изворот за „Page Six“.

Изворот вели дека Меланија не инсистира на договорот само поради можниот нов мандат, туку и поради неколкуте обвиненија кои се водат против Трамп.


„Трамп и натаму е многу богат, но се соочува со сè повеќе законски процедури. Новиот брачен договор би и обезбедил на Меланија солидна иднина за неа и нејзиниот син доколку дојде до развод. Не се закануваше дека ќе го остави, тоа е хипотетичка работа“, рекол изворот.

Новинарите ја контактирале ПР службата на Меланија Трамп, но таа сè уште не се огласила по овој повод.


Имало многу гласини за нивниот брак, на пример дека е трансакциски, како и дека постои челичен предбрачен договор.

Сепак, ништо од тоа не е потврдено.