Бракот им се распаднал откако ги видел снимките од надзорните камери: Сите мислат дека актерката го изневерила славниот пејач, но...

Кармин

29/09/2023

21:43

15.729

Големина на фонт

а а а

По веста за разводот на пејачот Џо Џонас и актерката Софи Тарнер, сега можеби и се знае причината за тоа.

Според американскиот блогер којшто ги следи случувањата во животот на славните, Перез Хилтон, пејачот Џо се разочарал откако Софи ја фатил преку безбедносните камери во друштво на еден пријател.


Но, не станува збор за никакво неверство затоа што тоа не се случило, туку актерката му се жалела на својот пријател за работи кои се поврзани со нејзиниот сопруг. Извор близок до парот изјавил:

„Немаше ништо повеќе од тоа. Но, тоа беше капката која ја прели чашата“.

Инаку, Џо и Софи беа во врска од 2016 година, а се вериле една година подоцна. Се венчале во 2019 година во вегаски стил и од тогаш живееле семеен живот исполнет со љубов и разбирање. Своето прво дете тие го добиле во текот на 2020 година, а второто дете во текот на 2022 година. Џо и Софи биле професионално зафатени во текот на заедничкиот живот, особено Џо со својата музика и настапите ширум светот.


Тој неодамна заминал на турнеја заедно со своите браќа. Од друга страна пак, Софи имала улоги во неколку ТВ-проекти и филмови во последниве години, но не е ни приближно активна на филмското платно како што беше во текот на своите ангажмани за серијата „Game of Thrones“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk