Научниците сметаат дека оваа особина најверојатно е наследена од некој еволутивен предок, со оглед на тоа дека диносаурусите исто така биле способни за саморепродукција.
Во зоолошка градина во Костарика женка крокодил самостојно забременила и тоа е прв случај на саморепродукција кај тој животински вид.
18-годишната женка крокодил јајцата ги положила во јануари 2018-та година во паркот Рептиланија, но и покрај тоа што фетусот од внатре бил целосно формиран, роден е мртов, пишува „BBC“.
Животното во зоолошката градина пристигнало кога имало две години и било одвоено од други крокодили цел живот, поради што научниот тим од паркот контактирал експертски тим од Вирџинија кој утврдил дека фетусот е 99,99 проценти генетски идентичен со својата мајка, што потврдува дека нема татко.
Феноменот досега е забележан кај некои видови птици, риби и други влекачи, но никогаш кај крокодили.
Научниците сметаат дека оваа особина најверојатно е наследена од некој еволутивен предок, со оглед на тоа дека диносаурусите исто така биле способни за саморепродукција.
Не е јасно зошто „девственото раѓање“, во научните кругови познато како партеногенеза, се јавува кај различни видови, но во научната литература се појавува почесто веројатно затоа што сега научниците ја испитуваат таа појава, наведува „BBC“.
Една научна теорија вели дека партеногенезата се јавува во случаи кога видовите кои се способни за саморепродукција се на работ на изумирање.