Пица триаголници готови за 5 минути: Рецепт за совршени, крцкави залчиња идеални за појадок, ручек или вечера

Кармин

07/06/2023

16:16

5.793

Големина на фонт

а а а

Триаголниците со сирење се наоѓаат често на нашите трпези и стануваат едно од омилените јадења не само за децата туку и за возрасните.

Овојпат ќе ви пренесеме рецепт за пица триаголници кои се налик на италијанско јадење кое го обожуваат сите во светот.

За нивната подготовка не е потребно многу време, ниту умешност, а вкусот е таков што веднаш ќе мора да си направите дупла мера.

Совршен спој на шунка, кашкавал и кечап прави да ги разбуди сите сетила и нема да може да престанете да ги консумирате.

Состојки:

- 1 пакување кори за пита;
- 200 грама шунка;
- 150 грама кашкавал;
- 1 павлака;
- Масло за јадење.


Подготовка:

Кората исечете ја на половина по должина, па таа половина пресечете ја на пола. Намачкајте ја малку со павлака, па одгоре изрендајте шунка, ставете кечап и малку кашкавал. Превиткајте ја така што ќе добиете триаголник.

Кога ќе направите 10, 15 парчиња ставете масло за јадење да се загрее и полека пржете на умерена температура.

Уживајте во јадењето!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk