Маж тврди дека ја клонирал својата девојка со помош на вештачка интелигенција: Секогаш е среќна и ми праќа селфи фотографии

Точка

04/06/2023

12:31

17.052

Големина на фонт

а а а

Ениас Каилиау е програмер кој тврди дека со помош на вештачката интелигенција ја клонирал својата девојка. Се почнало како забавен викенд проект, кој се претворил во вирална приказна кога на својот Твитер профил почна да ги објавува чекорите во процесот на креирање на својата „AI“ девојка.

Виртуелна девојка

Ениас објаснил дека својата вистинска партнерка Саша ја претворил во „GPT AI“ користејќи го нејзиниот карактер и давајќи и глас пред да ја поврзе со Телеграм.

Започнал со користење на софтвер со кој можел да разговара и го замолил „Google Bard“ да направи опис на карактеристиките на Саша. Ениас потоа продолжил да создава реплика од гласот на својата девојка, признавајќи дека не е задоволен со крајниот резултат.

Сама праќа селфи фотографии

„SachaGTP“, како што ја нарекол, може сама да праќа гласовни пораки на „Telegram“, но и селфи фотографии.

Неодамна споделил фотографија од својата „AI“ девојка како чита книга во парк, истакнувајќи дека е потребно повеќе работа, бидејќи „АИ“ генерирал фотографија со два пара нозе.

„Запознајте ја SachaGPT. Мојата „GPT“ клонирана девојка. Секогаш е среќна, ми праќа селфи фотографии и ми кажува какво е времето наутро. Исто како во вистинскиот живот“, ја претставил тој.

Неговата идеја привлекла внимание на стотици твитерџии, а програмерот наведува дека станува збор за „open-source“ проект кој на другите ќе им олесни да креираат свои сопствени виртуелни девојки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг