Ал-Хилал за три дена ќе го објави трансферот на Лионел Меси?

Макфакс

03/06/2023

13:11

2.727

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси вечерва ќе го одигра последниот натпревар за ПСЖ и ќе се збогува со Париз, а потоа сите ќе бидат во исчекување на неговата одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Има три опции, првата е да се врати на својата прва љубов Барселона, втората и финансиски неверојатна е да се пресели во Саудиска Арабија, а третата да потпише за Интер Мајами во МЛС лигата на САД.

Каталонскиот весник „Спорт“, објави дека Лионел Меси веќе одлучил, ќе ги земе огромните пари од Ал-Хилал, кој веќе го испланирал и датумот кога ќе биде соопштен неговиот трансфер. Тоа треба да се случи за три дена, на 6.јуни.

Саудиска Арабија е во комплетна офанзива за купување на светските фудбалски ѕвезди, а понуди имаат и Карим Бензема, Серхио Рамос, Серхио Бускетс, Лука Модриќ…



Спонзорирани линкови

Маркетинг