Ѕвездата на „Baywatch“ фатена без шминка, фотографиите отпочнаа лавина коментари: „Дали е ова навистина таа?“

Кармин

31/05/2023

14:07

5.440

Големина на фонт

а а а

Дона Дерико, актерката од серијата „Baywatch“ била фотографирана без шминка, а фотографиите отпочнаа лавина коментари на социјалните мрежи.

Иако изгледа сосема нормално, многумина ја критикуваат затоа што објавува претерано фотошопирани фотографии на Инстаграм кои немаат врска со нејзиниот вистински изглед.

Папараците ја снимија во Калифорнија, додека шетала со својот син Рајан. Дона била спортски облечена, со бел качкет на главата.

„Дали е ова навистина таа?“, „Ме чуди како папараците воопшто ја препознале на улица“, „Таа е убава жена. Навистина нема потреба лажно да се претставува на Инстаграм“, се дел од реакциите.


Дерико неодамна го прослави 55-от роденден, а по повод истиот се фотографирала во култниот црвен костим за капење.

„Објавувам секси фотографија за мојот роденден бидејќи реков дека ќе го направам тоа и бидејќи така сакам. Зошто да не? Забавувајте се денеска. Јас сигурно ќе го направам тоа! Ве сакам сите“, напиша таа во објавата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk