Претседателот на „Microsoft“: Вештачката интелигенција има огромен потенција, но потребна е брза регулација

Точка

29/05/2023

18:22

14.393

Големина на фонт

а а а

Претседателот на „Microsoft“ Бред Смит изјави дека вештачката интелигенција (AI) има огромен потенцијал и може да се искористи за доброто на човештвото, како и дека американската влада мора брзо да ја регулира оваа област.

Тој смета дека „AI“ може да се користи во медицината, за откривање на нови лекови, во дијагностиката, при природни катастрофи, пренесува „CNN“.

Во интервју за американската станица „CBS“, Смит истакнал дека „AI“ не е толку „мистериозна“ како што некои мислат.


„Ако дома имате робот правосмукалка, знајте дека и тој користи вештачка интелигенција кога чисти во вашата кујна, удира во препреки и учи како да ги избегне“, објаснува претседателот на „Microsoft“.

Според неговото мислење, „AI“ нема да ја промени ситуацијата на пазарот за работа за неколку месеци, туку за неколку години.


„Повеќето луѓе ќе работат на поинаков начин. Ќе мораме да усвоиме и да развиеме нови вештини“, додал Смит.

Тој ја повикал новата владина агенција во САД да ги регулира системите за вештачка интелигенција, додавајќи дека шестмесечна пауза во нејзиниот развој, која ја предложил и шефот на „Tesla „и „Twitter“ Илон Маск, не е одговор.


Ќе ги искористиме тие шест месеци за побрз развој на „AI“, апелирал Смит.

„Светот оди напред. Ајде да осигуриме дека САД барем држат чекор со остатокот од светот“, заклучил претседателот на „Microsoft“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг