Зa што се вработените го користеле "ChatGPT, што некои гиганти мораа да го забранат?

Точка

23/05/2023

20:07

13.630

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку месеци, се поголем број компании избираат да ја забранат употребата на ChatGPT, моќниот јазичен модел развиен од OpenAI. Оваа одлука произлегува од зголемената загриженост за етичките прашања, недостатокот на транспарентност и можноста за злоупотреба на алгоритамските системи.

Последната забрана доаѓа од технолошкиот гигант Apple, кој соопшти дека ја ограничил употребата на вештачка интелигенција од страна на своите вработени поради загриженост за приватноста.

Како што пишува The Wall Street Journal, тие се надеваат дека овие внатрешни регулативи ќе ги спречат програмите за вештачка интелигенција на другите компании да ги загрозат доверливите податоци.


Им забрануваат на вработените, а лансираат апликации

Apple ги повикува вработените да се воздржат од користење на популарните Chat GPT, GitHub’s Copilot и слични производи.

Оваа одлука го вбројува Apple во растечката група на компании кои им забранија на вработените да користат системи за вештачка интелигенција.

Патем, одлуката на Apple доаѓа откако компанијата за вештачка интелигенција OpenAI лансираше iOS верзија на својата програма ChatGPT.

“Ви ја претставуваме апликацијата ChatGPT за iOS! Во моментов сме само во САД, но ќе се прошириме во дополнителни земји во наредните недели“, напиша компанијата.

За потсетување, ChatGPT, базиран на архитектурата GPT-3.5, е јазичен модел дизајниран да генерира текст врз основа на внесени прашања. Способноста на моделот да произведува кохерентен и природен јазик му овозможува да се користи во различни апликации, вклучувајќи помагање при пишување, одговарање на прашања и креирање разговори.


Кој друг им го забрани ChatGPT на вработените?

Меѓу компаниите кои го забранија се JP Morgan, Verizon, Samsung.

Samsung објави дека им забранил на некои од своите вработени да ја користат алатката за вештачка интелигенција ChatGPT, бидејќи се пријавени внатрешни случаи на злоупотреба на технологијата.

Забраната на Samsung се однесува на вработените во неговиот оддел за мобилни и апарати за домаќинство, изјави за AFP неименуван претставник на Samsung.

Во интерен документ во кој увид имал AFP, се вели дека Samsung работи на изнаоѓање начини за користење на услугите за вештачка интелигенција во „безбедна средина за вработените за подобрување на работната ефикасност“.

„Додека тие нови мерки не бидат подготвени, привремено ја забрануваме употребата на услугите на вештачката интелигенција на компјутерите во сопственост на компанијата“, се додава во документот.


За што го користат вработените во компаниите?

Банките JPMorgan и Citigroup се меѓу компаниите кои им забранија на вработените да користат ChatGPT, според информациите на The Wall Street Journal. Други деловни организации како Goldman Sachs и Verizon Communications исто така го блокираа пристапот до овој четбот.

Телекомуникациската компанија Verizon ја забрани употребата на чет-ботови во своите корпоративни системи, велејќи дека може да ја изгуби сопственоста на информациите за клиентите или изворните кодови кои нејзините вработени ги внесуваат во ChatGPT.

Во јануари, државните училишта во Њујорк ја забранија употребата на чет-ботови на нивните интернет мрежи и училишни уреди.

Компаниите користат чет-ботови за да решаваат одредени задачи, пишуваат е-пошта и да истражуваат теми, иако системот понекогаш се користи со дезинформации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг