Вака ќе изгледа новата "Android" платформа: "Google" наводно случајно откри голем редизајн

Точка

07/05/2025

17:06

1.140

Големина на фонт

а а а

"Google" неодамна, наводно по грешка, го откри својот следен голем редизајн на "Android" платформата – "Material 3 Expressive".

Во сега веќе избришана објава на блогот, која беше забележана и сочувана од порталот "9to5Google", компанијата го опиша новиот изглед како „најмногу истражувано“ ажурирање досега, со цел "Android" интерфејсот да стане поатрактивен и полесен за користење.

Според "Google", "Material 3 Expressive" е дизајн што се развивал преку 46 рунди на дизајнирање и истражувања, во кои учествувале повеќе од 18.000 испитаници. Новиот дизајн користи боја, форма, големина и движење за да го направи искуството со уредите попријатно и поинтуитивно.

Изминативе денови се појавија информации дека "Google" планира промени во корисничкиот интерфејс на "Android", вклучувајќи нов изглед на иконите во статусната лента, нов фонт за часовникот и преработено мени за брзи поставки.