Од каде потекнуваат имињата на секој хороскопски знак: Стрелецот поврзан со кентаури, водолиите со водоносци

Кармин

22/05/2023

21:00

9.689

Големина на фонт

а а а

Потеклото на имињата на хороскопските знаци е поврзано со грчката митологија. Старите Грци, заедно со другите цивилизации од тоа време, верувале во сега веќе познатата фраза: „As Above, So Below“.

Со други зборови, Грците цврсто верувале дека космосот директно влијае на нашата благосостојба. „Се чини дека Грците навистина биле на траг од нешто. Дури и ако не верувате во астрологијата, јасно е дека ѕвездите директно влијаат на нашите животи – знаеме дека не можеме да живееме без Сонцето“, пишувал „Replogle Globes“. Денешната верзија на западната астрологија е создадена под големо влијание на античка Грција и древниот Вавилон, а првите записи поврзани со оваа тема потекнуваат од книгата „Тетрабиблос“ на математичарот и астроном Птоломеј, објавена пред околу 1.800 години. Тој ја поделил орбитата на Земјата околу Сонцето на посебни делови од по 30 степени. Внимателно ги документирал ѕвездите што можеле да се видат во тоа време и често вклучувале различни соѕвездија.

Еве како секој хороскопски знак го добил името:

Овен

Овој знак се наоѓа на почетокот на хороскопскиот круг, а животното по кој е именуван бил симбол на ново раѓање. Исто така, овој хороскопски знак своето име му го должи на овенот со златното руно, кој во старогрчкиот мит за Фрикс и Хела ги спасил двајцата главни јунаци на крајот од приказната.


Бик

За првпат се споменува во Античка Местопотамија (околу 4.000 години пред Христа), како „Големиот небески бик“. Бикот се споменува и во грчкиот мит за Европа, во кој Зевс се претвора во бик за да ја грабне убавата Европа од незјиното семејство. Затоа и родените во овој знак се сметаат за упорни, храбри и бестрашни.

Близнаци

Близнаците своето име го добиле уште од вавилонското време, каде ѕвездите Полукс и Кастор првпат биле наречени „Големите близнаци на небото“. Во грчката митологија, Полукс се смета за син на Зевс, кој по смртта на неговиот пријател Кастор го замолил својот татко да му даде бесмртност, што Зевс му ја дал на крајот. Близнаците, меѓу другото, се одликуваат со способноста лесно да се прилагодат на секоја ситуација и да бидат „бесмртни“, затоа што за нив не постојат изненадувања.


Рак

Овој знак ја затвора првата третина од хороскопскиот круг и неговиот симбол е поврзан со митот за џиновскиот рак испратен од жената на Зевс, Хера, за да се бори со Херкулес. Во овој мит, Херкулес во еден момент полудува и ги убива своите деца, но на крајот го убива ракот газејќи го. Раковите се најориентирани кон семејството од сите хороскопски знаци, особено кон децата.

Лав

И овој знак го добил своето име од грчкиот мит за Херкулес. Според легендата, Херкулес имал задача да изврши „12 задачи“, како еден вид космичка казна затоа што полудел и си ги убил своите деца. Првата од овие задачи била да се убие митскиот Немејски лав. Иако лавот загубил од Херкулес, Зевс го наградил за неговата храброст и му дал созвездие. Затоа се смета дека и луѓето родени во овој знак се храбри и бестрашни.


Девица

Девицата е единствениот хороскопски знак кој претставува жена. Според легендата, жената поврзана со овој симбол е Астраја, девица која ја претставува правдата, невиноста, чистотата и прецизноста. Според грчката легенда, таа еден ден ќе се врати на Земјата на почетокот на „златното доба“. И луѓето во знакот девица сакаат јасни ситуации и прецизна организација, а во исто време не поднесуваат неправда.


Вага

Симболот на овој хороскопски знак е вагата која ја држи Темида, грчката божива на законот и правдата. Вагата е поврзана и со божиците Венера и Астраја. Вагите, според астрологијата, се фер, но и неодлучни, склони да се колебаат како тасови на вага.

Скорпија

Во грчката митологија, ловецот Орион еднаш се пофалил со својата намера да ги убие сите животни во светот, за на крајот да биде каснат и убиен од скорпија. Во некои случаи, скорпијата се поврзува и со змијата и орелот, чести мотиви во митологиите ширум светот. Скорпиите се исто така опасни, одмаздливи и воинствени.


Стрелец

Овој знак е тесно поврзан со митот за кентаурот Хирон. Според грчката легенда, Хирон одиграл клучна улога во менторството на Ахил, кој, и покрај слабоста на неговата пета, бил еден од најзначајните херои на Тројанската војна. Стрелците се брзи, имаат цел и знаат како да ја постигнат. Тие ретко ги промашуваат своите цели.

Јарец

Јарецот, како и неколку други хороскопски знаци, потекнува од сумерската и вавилонската митологија. Подоцна, постоел и грчкиот мит за Амалтеја, која таму била претставена како коза што го одгледала Зевс откако неговите родители го напуштиле. Родените ов овој знак сакаат да се грижат за другите, практични се и прагматични.

Водолија

Легендата за водолиите потекнува од митот за Ганимед, кој и луѓето и боговите го сметале за најубавиот смртник. Меѓутоа, Зевс одлучил да го киднапира Ганимед, кој на крајот станал водоносец на планината Олимп. Денес, водолијата често се поврзува со мудрост и револуција, а луѓето родени во овој знак се слободоумни, но честопати и зрачат со надворешна убавина.


Риба

Рибите одат во пар, од кои секоја плива во различна насока. Откако огромната водена змија позната како Тајфон (од која доаѓа зборот тајфун), почнала да ги тероризира грчките титани, некои од боговите одлучиле да се претворат во животни и да избегаат. Според легендата, двете риби кои го претставуваат овој знак се Афродита и Ерос. Затоа луѓето родени во овој знак се често неодлучни, избегнуваат конфликти, но и многу се чувствителни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk