Поранешната ѕвезда на филмовите за возрасни Лана Роудс (26) ги почестила своите следбеници на Инстаграм со провокативни фотографии, но тие наидоа на лоши коментари поради еден „одвратен“ детаљ.
Лана шетала по улиците на Бруклин во мали шорцеви и маичка, додека барем еден минувач во позадина бил облечен многу потопло. Потоа седнала на скалите и почнала да јаде сендвич завиткан во хартија. Третата фотографија е само зумиран ѓеврек исечен на половина, со лосос и крем сирење.
Меѓутоа, овојпат вниманието не го привлекоа ниту физичките атрибути на Лана, ниту изборот на грицки, туку нејзините комично големи црвени чизми кои во последно време се хит меѓу познатите.
Корисниците на социјалните мрежи не беа воодушевени од бизарните обувки MSCHF, кои чинат околу 4.500 долари. Чевлите „од цртаните“ со месеци се контроверзна тема на социјалните мрежи, бидејќи на многу луѓе воопшто не им се допаѓа нивниот „уникатен“ дизајн.
„Луѓето навистина би облекле сешто“, е еден од коментарите на објавата на Лана.
„За што се работи? Според мене, овие „Астро Бој“ чизми се одвратни“, вели друг корисник.
„Чизми за кловн“, категорично вели трет корисник.