[ВИДЕО] Цела година игнорирала 4 важни симптоми: Кога отишла на лекар ѝ откриле сериозна дијагноза

Точка

14/08/2025

16:34

1.617

Големина на фонт

а а а

Ракот е една од водечките причини за смрт во светот. Со оглед на тоа што тој погодува голем број луѓе и има голем број различни видови, клучно е навреме да се препознаат симптомите.

Ги игнорирала симптомите

Корисничката на Тикток, Марлен, во видео откри дека имала симптоми на рак една година, но ги игнорирала. Имено, ги припишала на тагата по неодамнешната загуба на близок. Подоцна ѝ била дијагностицирана рак на лимфни јазли во стадиум 4, или Хоџкинова болест. Ова е редок вид рак кој се развива во лимфниот систем и мрежата на садови и жлезди низ целото тело.

Марлен опиша какви се симптомите, повикувајќи ги следбениците да не ги игнорираат сличните знаци и да побараат навремена медицинска помош.

Што забележала?

Жената опиша четири предупредувачки знаци кои се карактеристични за нејзиниот вид рак. Прво, таа спомена необјаснето губење на тежината. Марлен губеше тежина, иако не ги променила своите навики во исхраната. Исто така, често се потела ноќе и се будела сосема мокра без причина. Потоа забележала дека кожата ѝ станала многу чувствителна.


„Ја чешав кожата додека практично не прокрвареше, но ако ставав кремови на неа, помагаше, па не обрнував премногу внимание на тоа“, објаснила таа.

Последниот симптом што ја загрижи и на крајот доведе до дијагнозата беше чувство на постојан притисок во градите и кашлица.

„Многу ме болеше и не знаев дали е срцето или градите, но на крајот се покажа дека се белите дробови“, рекла Марлен.

Кога отишла на лекар, крвните тестови покажале она што таа го нарекла „високо ниво на воспаление“, што довело до рентгенска снимка на градите за да се провери дали има воспаление на градите. Лекарите пронашле „голема маса“ во нејзиното лево белодробно крило.

По уште неколку тестови, било утврдено дека станува збор за Хоџкинов лимфом, што значи дека лимфомот бил присутен во лимфните јазли и на едно или повеќе екстранодални места.

Симптоми на Хоџкинов лимфом


Истражувачкиот центар на Велика Британија наведува дека најчестиот симптом е безболно отекување на еден или повеќе лимфни јазли, а најчестите места се вратот, пазувите и препоните.

Други општи симптоми вклучуваат:

• Oбилно потење, особено ноќе;

• Висока температура што се појавува и исчезнува без причина, често во текот на ноќта;

• Ненадејно губење на тежината;

• Чешање што се влошува по пиење алкохол;

• Болка во стомакот по пиење алкохол;

• Отечени лимфни јазли по пиење алкохол.

Сепак, треба да се земе предвид дека овие симптоми не мора да укажуваат на рак, но се препорачува да се провери кај лекар доколку ги имате.