Неверојатна приказна од Англија: Пар се венчал 60 години откако родителите им забраниле да го направат тоа

Кармин

23/03/2023

11:32

4.759

Големина на фонт

а а а

Шест децении откако нивните родители ја раскинале нивната веридба, пар од Англија се венчал со 60 години „задоцнување“.

Лен Олбрајтон (79) и Жанет Стир (78) имале исклучително тежок пат до својата венчавка, но и двајцата се среќни што сепак успеале да го направат тоа.

Парот се верил во 1963 година кога Лен имал 19, а Жанет 18 години. Тие работеле како медицински техничари во болницата „St. Mary's“ во Њупорт, Англија и се заљубиле на прв поглед.


Набрзо Лен ја запросил Жанет и таа се согласила. Меѓутоа, тогаш возраста за согласност била 21 година, а Жанет била 3 години пoмлада. Нејзините родители ја прекинале планираната венчавка, а Лен добил срцепарателно писмо во кое пишувало дека веридбата е откажана.

Во текот на наредните 50 години, Лен се оженил со жена во Австралија со која имал 3 деца. Тој во 2015 година се развел и се преселил во Стивенејџ каде работел како окружен медицински техничар.


Жанет во меѓувреме останала на островот Вајт за да стане медицинска сестра, а потоа се венчала со морнарички офицер и добила 2 деца.

Била во пензија и сè уште со својот сопруг кога Лен одлучил да ја побара.

„Бев исплашен, не знаев каква ќе биде нејзината реакција или дали воопшто ќе ја видам. Отидов со дилема. Не беше лесно да ја пронајдам, но успеав во тоа. Само се надевав дека е добро - не очекував ништо друго“, раскажал тој.


„За малку ќе умрев кога сфатив дека тој стои покрај мојата ограда. Ми беше драго што ме побара. Многу мислев на него во тоа време“, кажала Жанет.

Тогаш го испратила својот поранешен вереник и му кажала на својот сопруг дека станува збор за странец кој прашувал за насоки. Меѓутоа, две години подоцна, сопругот на Жанет починал од рак, а таа го пронашла Лен користејќи ја адресата која тој ја навел на божиќната честитка една година претходно.

По тоа, во 2018 година се согласила да се пресели во Стивенејџ и да живее со него, а минатата година Лен повторно клекнал и ја замолил да се венча за него. Нивната венчавка се одржала на 11-ти февруари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk