(Видео) Гвинет Полтроу го опишала својот режим на исхрана, луѓето ѝ се потсмеваат: „Звучи како подготовка за колоноскопија“

Кармин

17/03/2023

11:21

6.317

Големина на фонт

а а а

Гвинет Полтроу предизвика разни реакции откако ја споделила својата „велнес рутина“ и открила дека нејзината исхрана се состои само од супа од коски и зеленчук.

50-годишната актерка претходно оваа недела гостувала во поткастот на Вил Кол. Таа зборувала на низа теми, но ставовите поврзани со исхраната предизвикаа најмногу реакции.

Во склоп на едночасовниот поткаст, Гвинет била прашана како изгледа нејзината велнес рутина, а нејзиниот одговор е претворен во исечок од 40 секунди кој се прошири на социјалните мрежи.

„Вечерам рано. Практикувам наизменично постење. Обично јадам нешто околу 12 часот, а наутро консумирам само намирници кои не го подигнуваат шеќерот во крвта, па само пијам кафе. Но, многу сакам супа за ручек. Повеќето денови ручам супа од коски. Потоа се обидувам еден час да се движам, па пешачам, вежбам пилатес... Потоа правам суво четкање на телото и одам 30 минути во инфрацрвена сауна. За вечера јадам според Палео диетата - многу зеленчук. Навистина ми е важно да го поддржам својот детокс“.

Многумина по зборовите на Полтроу започнаа да ја испитуваат нејзината дефиниција за велнес.

„Ова ми звучи спротивно од велнес“, „Од што се детоксицира?“, „Тоа не е велнес, тоа е изгладнување“, „Звучи како подготовка за колоноскопија“, се дел од бројните коментари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk