(Фото) 8 спални соби, 11 бањи, библиотека и лифт – „ѕирнете“ во вилата на Џенифер Лопез и Бен Афлек од 64 милиони долари

Кармин

17/03/2023

10:16

6.455

Големина на фонт

а а а

Пејачката Џенифер Лопез и Бен Афлек, својот нов дом го пронашле северно од Санта Моника во Лос Анџелес.

Пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се венчаа во јули минатата година, а веќе две години се во потрага по својот нов дом во којшто ќе живеат.

Кон крајот на минатата година, актерот Бен Афлек ја продал куќата за 28,5 милиони долари, а пејачката и актерка Џенифер Лоепз својата вила за 42,5 милиони долари ја продала во февруари.

Било целосно природно дека брачниот пар Лопез-Афлек ќе бара ултимативен дом којшто одговара на потребите на големо семејство.


Пред да го најдат новиот дом тие живееле како потстанари во вила на австралискиот милијардер Џејмс Паркер во Беверли Хилс.

Меѓутоа, конечно купиле луксузна вила од 64 милиони долари која се наоѓа во квартот Пацифик Палисад, во областа која се наоѓа северно од Санта Моника и централен Лос Анџелес.

Како што пренесуваат странските медиуми, пространата вила има осум спални соби, 11 бањи, но и соба за медиуми, базен и спа-центар.

Поради тоа што познато е дека Џенифер секојдневно тренира, целосно е јасно дека се погрижила нејзината нова куќа да има теретана, а како што пренесува „Hello magazine“ таа се простира на 75 метри квадратни.


Според „Westside Estate Agency“, комплексот има главна куќа на 1.207 метри квадратни и куќа за гости од 278 метри квадратни.

Гостинската куќа има две спални соби, четири тоалети и јапонска спа-када.

Агенцијата за недвижнини која ги посредувала во договорот вели дека постои и долг дел со огромен терен за мотори, повеќе големи рамни тревници и градина од 754 метри квадратни.

Куќата е изградена во 2005 година, а главната трикатна куќа опремена е со дупло студио, кино и семејна соба која е поврзана со кујната со остров за подготовка на храна и луксузни уреди.


Надвор има простор за скара и гаража за четири автомобили.

Куќата поседува и богата библиотека со полици, а интересно е и тоа што таа има лифт.

Базенот е опишан како одморалиште и има спа и место за палење оган. Една од највпечатливите карактеристики е погледот, а агенцијата го опишува како поглед на океанот и планините од сите точки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk