Без млеко и јајца, меки како памук: Посни крофни кои на сите им успеваат

Кармин

16/03/2023

21:11

8.638

Големина на фонт

а а а

Како се прават највкусните и најсочни посни домашни крофни? Прочитајте во продолжение...

Доколку се придржувате до предвелигденскиот пост или практикувате веганска исхрана, тогаш овој рецепт за посни крофни ќе биде по ваш вкус.

Тие се толку вкусни што речиси и да нема разлика во однос на мрсната верзија, а доколку го следите упатството чекор по чекор ќе добиете меко печиво кое никогаш нема да ви здодее.

Состојки:

- половина килограм брашно;
- 40 грама квасец;
- 2,5 децилитри млака вода;
- 2 лажици шеќер;
- 50 грама посен маргарин;
- шеќер во прав за посипување;
- 2 лажици ванилин шеќер.


Подготовка:

1. Во малку вода изматете го квасецот, па додадете една лажица шеќер и матете. Ставете една лажица брашно и оставете ја смесата 10-на минути за квасецот да се „активира“.

2. Потоа додадете го останатиот дел од шеќерот, маргаринот, па водата и на крај брашното и добро замесете, па оставете тестото да отстои.

3. По половина час развлечете го тестото и вадете со чаша од него, па оставете да отстои уште 10-на минути.

4. Пржете една по една крофничка во загреано масло од двете стани додека не заруменат.

5. Кога ќе се изладат, посипете ги со шеќер во прав.

Пријатно јадење!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk