Доли Партон признава дека купатило првпат видела на 8 години: „Капењето беше луксуз“

Кармин

03/02/2023

13:23

4.574

Големина на фонт

а а а

Иако стекна светска слава, кантри ѕвездата Доли Партон никогаш не ги заборавила своите скромни почетоци, па во едно интервју откри дека првпат ја видела бањата на 8-годишна возраст.

Во интервју за магазинот „Плејбој“ со новинарот Лоренс Гробел во март 1978 година, таа изјави дека имала осум години кога за првпат во животот ги видела тоалетот и бањата во куќата на нејзината тетка и дека била фасцинирана.

Смеејќи се на тоа колку биле невини и неуки тогаш, Партон истакнала дека таа и нејзините браќа и сестри се плашеле да го користат тоалетот, мислејќи дека ќе бидат „вшмукани“.

Секојдневното капење било луксуз за Партон и нејзиното семејство. Честопати сами правеле сапун, а повремено сите се качувале во камион и се оделе до реката за да се измијат во нејзините води. Во близина на местото каде што живееле имало поток, но реката им била омилено место за капење, бидејќи за сите нив била како „голема када“.


Во текот на зимата, целото семејство имало по едно корито со вода и се капеле еднаш неделно. Но, кога Партон станала средношколка, капењето ѝ станало многу поважно и морала да наоѓа начин да го прави тоа секој ден поради нехигиенското однесување на нејзините помлади браќа и сестри за време на спиењето.

„Децата секоја вечер мокреа во кревет. Спиевме по тројца и четворица во кревет и секоја вечер штом легнав, децата уринираа по мене и секое утро повторно требаше да се бањам“, изјавила таа своевремено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk