„Facebook“ сега има две милијарди корисници, но метаверзумот и натаму бележи загуби

Точка

02/02/2023

20:52

7.978

Големина на фонт

а а а

Социјалната мрежа „Facebook“ и натаму расте, иако Марк Закерберг неодамна бил принуден да направи значајни кратења. „Facebook“ сега за прв пат има две милијарди активни корисници дневно.

„Facebook“ во последното тримесечје од минатата година привлекол 16 милиони нови корисници, па сега има вкупно две милијарди. Иако тоа не е првата дигитална платформа во сопственост на „Meta“ која достигнала две милијарди корисници дневно (на WhatsApp тоа му успеа неодамна), оваа бројка покажува дека најголемиот извор за заработка од огласување на компанијата и натаму расте.

Закерберг кон крајот на минатата година најавил реструктурирање на компанијата до 2023 година, па поради тоа поделени беа повеќе од 11.000 откази во компанијата.


И додека на ниво на цела претходна година приходите на „Meta“ биле намалени, компанијата во последното тримесечје заработила 32,2 милијарди долари, што е повеќе од очекуваното. Сепак, во споредба со последното тримесечје во 2021 година, приходите паднале за четири проценти, пишува „Engadget“.

Закерберг најави дека оваа година ќе биде „година на ефикасност“, па се очекуваат дополнителни кратења, а акцентот ќе биде на развивање на генеративна вештачка интелигенција која креира содржини. Сега „Meta“ на тоа поле сака да стане лидер на пазарот.


„Meta“ и натаму губи многу пари на метаверзумот. Амбициите на Закерберг да ја прошири виртуелната реалност на сите пори во општеството не вродиле со плод, па останатите акционери бунтувале поради огромните вложувања во визијата на светот на Закерберг која моментално носи само загуби.

„Reality Labs“, одделение кое ги надгледува неговите проекти во метаверзумот, изгубил 4,3 милијарди долари во последното тримесечје од минатата година, а на ниво на цела загубата изнесува 14 милијарди долари.

Од компанијата очекуваат дека оваа година загубите ќе бидат уште поголеми, но дека ќе продолжат со вложување во оваа област бидејќи е видлив огромен потенцијал за иднината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг