Кременадли во сос од печурки: Рапсодија на вкусови кои ќе уживате

Кармин

02/02/2023

19:00

5.930

Големина на фонт

а а а

Кременадлите секогаш се добар избор за ручек, меѓутоа, ако не ги направите добро, можат да бидат тврди и невкусни.

Затоа, за вас подготвивме едноставен рецепт за сочни кременадли кои ќе ви успеат секојпат.

Состојки:

- 500 гр. кременадли;
- 300 гр. печурки;
- 1 главица кромид;
- 2 чешниња лук;
- 100 мл. бело вино;
- 4 лажици брашно;
- 1 децилитар вода;
- сол, бибер;
- масло;
- зачини по вкус.


Подготовка:

Одвојте ги кременадлите од коската, па месото тркалајте го во брашно. Во тавче ставете масло, па кога ќе се загрее, ставајте ги кременадлите една по една.

Кратко пропржете ги од двете страни. Извадете ги кременадлите, па во истото масло динстајте го ситно исечканиот кромид. Откако ќе омекне, додадете ги сечканите печурки, лукот, солта, биберот и зачини по вкус.


Кременадлите ставете ги врз печурките, па сето тоа прелијте го со вода и бело вино. Бидете сигурни дека кременадлите се потопени.

Кога течноста ќе зоврие, намалете ја температурата, поклопете го месото и оставете да се крчка уште 45 минути.

Кога ќе бидат готови, послужете ги со омилениот прилог.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk