Ова се случува еднаш во 50.000 години: Пристигнува комета која последен пат била видена од неандерталците

Точка

01/02/2023

10:55

14.264

Големина на фонт

а а а

Кометата е направена од мраз и прашина и испушта зеленикава аура, а се проценува дека е со дијаметар од околу еден километар.

Кометата која ќе прелета покрај Земјата и Сонцето за првпат по 50.000 години би можела да биде видлива со голо око.


Се очекува кометата да помине најблиску до Земјата денеска, 1 февруари и ќе биде лесно видлива со добар двоглед или дури и со голо око, под услов небото да не биде претерано осветлено од градските светла или Месечината.


Кометата е наречена C/2022 E3 (ZTF) по калифорниската опсерваторија Zwicky Transient Facility, која првпат ја забележала како поминува низ Јупитер минатиот март.




Спонзорирани линкови

Маркетинг