Брзо се прават, а уште побрзо се јадат: Рецепт за најмеките кроасани – готови за 20 минути

Кармин

24/01/2023

21:17

7.198

Големина на фонт

а а а

Кога немате идеја што да направите за вечера или појадок, никогаш нема да погрешите со кроасани.

Во далечната 1915 година, францускиот пекар Силвен Клаудиус Гој, напишал рецепт за кроасани. Порано главно се правеа празни, но откако станаа препознатлив француски производ, „претрпеа“ бројни промени.

Денес, полнењата за кроасан се различни, но тестото во основа е исто.


Во продолжение рецептот за совршени кроасани:

Состојки:

- 500 гр. брашно;
- 1 кесичка прашок за пециво;
- 1 кесичка сув квасец;
- 2 dl. топло млеко;
- сол по вкус;
- 1 dl. масло;
- 1 мала лажичка сол;
- 2 лажици кисела павлака;
- 1 јајце за премачкување;
- сусам, ким по желба.


Подготовка:

Прво, измешајте го сувиот квасец во млекото и оставете го да се активира. Во друг сад измешајте брашно и прашок за пециво, па додајте квасец, сол, масло и павлака.

Замесете тесто, а по потреба додадете и брашно за смесата да биде мека.

Расукајте го тестото во круг со сукало, па исечете го на триаголници и свиткајте го како кифлички.

Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, а пред да ги ставите во рерна премачкајте ги со јајце и по желба посипете ги со сусам или ким.

Кроасаните печете ги на 180 степени 15 минути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk