(Видео) Вирален хит: Танцот на Шакира на песната за Пике покрена нов тренд на ТикТок

Кармин

20/01/2023

15:55

11.064

Големина на фонт

а а а

Поминаа осум дена откако Шакира го објави својот нов хит за бившиот, кој ги руши сите рекорди, а нејзиното музичко видео собра 157 милиони прегледи и моментално е на третото место на Јутјуб трендинг листата.

Танцов предизвик

Но, освен на Јутјуб, Шакира „растура“ и на другите социјални платформи. На Инстаграм и ТикТок објави нов танцов предизвик, кореографија на нејзината нова песна која стана вирален хит.


Шакира објави видео направено во теретана каде танцува со три танчерки од танцовата група Бела Доса, а видеото за неколку дена собра милиони прегледи.

Видеото што го објави на Инстаграм моментално има 4,4 милиони прегледи, а на ТикТок дури 109,5 милиони прегледи.

Тим Шакира

Шакира започна нов тренд на ТикТок, а многу фанови одговорија на нејзиниот танцов предизвик и ги покажаа своите танцувачки вештини.


Во големата „пресметка“ помеѓу Шакира, Пике и неговата нова девојка со која ја изневеруваше, фановите застанаа на страната на пејачката, а танцувачкиот предизвик е уште еден знак за поддршка од „Тим Шакира“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk