„Chanel“ има шопинг торба во облик на кошничка за пазарење, изнесува неверојатни 46.000 евра

Кармин

13/01/2023

14:00

5.503

Големина на фонт

а а а

Веројатно многумина не знаат дека „Chanel“ во својата понуда има и шопинг торба во облик на кошничка за пазарење која изнесува повеќе од 46.000 евра.

Со оваа торба, „Chanel“ има во план да направи исчекор и да претстави торба како свое решение за зачувување на планетата. Торбата е лансирана во 2014 година, а оттогаш нејзината цена расте.

Шопинг торбата на „Chanel“ е креирана токму за пазарење и е приспособена на тоа, па изгледа како кошничка од продавница. Меѓутоа, нејзината цена достигна неверојатни 46.588 евра, а првично беше понудена по цена од 8.324 до 11.561 евра – во зависност од големината.


„Со купување на овој артикл се продолжува приказната на „Chanel“ со која, со користење на новите ресурси, се намалува влијанието врз животната средина и со тоа можете да бидете убедени дека правите добра работа за планетата“, стои во описот на торбата.

Шопинг торбата на „Chanel“ е изработена од комбинација на кожа и сребро, а нејзиниот облик е инспириран од кошничка за пазарење и има две метални рачки на горниот дел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk