Левандовски сепак откри што му дошепнал на Меси по крајот на мечот

Дерби

02/12/2022

16:19

3.617

Големина на фонт

а а а

Роберт Левандовски и Лионел Меси се одлучија да не откриваат за што зборуваа по крајот на мечот меѓу Полска и Аргентина, но по еден ден пауза, Полјакот излезе со нова изјава и обелодени што му дошепнал на Аргентинецот.

Капитенот на „гаучосите“ порача дека никогаш од негова уста нема да излезат зборови кои претходно му ги кажал на соиграч или противник на фудбалскиоте терен, но за разлика од него, Леви не гледа на ова толку како на лична тема.

Напаѓачот на Полска во интервјуто за „Билд“ долови што му порачал на противникот со кој имаше и мала тензија за време на натпреварот, но кој на крајот го завршија доста срдечно со разменети пораки и подадена рака.

– Малку зборувавме по крајот на мечот и беше навистина интересно. Му реков на Меси дека за Аргентина игра подефанзивно од вообичаено што тоа го прави, но тоа некогаш му е потребно на тимот.

– Што се однесува до дуелот кој го имавме на средината на теренот, тоа беше доста чудно. Се бранев и му помагав на тимот на средината на теренот, но тоа е она што се бара на еден мундијал, – изјави Левандовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг