Интервјуто на Пирс Морган со Кристијано Роналдо на „Talk TV“ кое го презел „The Sun“, продолжува да открива нови детали од професионалниот и приватниот живот на португалскиот ас.
Оставајќи ги проблемите со Манчестер Јунајтед настрана и тренерот Ерик Тен Хаг, Роналдо зборувал и за губењето на синот Ангел, братот близнак на Бела Есмералда.
Во април Кристијано и Џорџина претрпеа голема загуба, смртта на еден од близнаците, а тоа оставила голема празнина во нивните животи.
„Тоа веројатно беше најтешкиот период којшто сум го имал во животот откако татко ми почина. Кога ќе добиеш дете очекуваш сè да биде нормално, но го имаш тој проблем... тешко е“, појаснил Роналдо.
Нивните чувства биле помешани поради среќата што ја имаат Бела Есмералда во прегратки, а тага што го немаат Ангел со себе.
„Понекогаш се обидувам да му објаснам на семејството и пријателите дека никогаш не сум се чувствувал среќен и тажен во исто време како тогаш. Тешко е да се објасни. Не значи дали ќе плачеш или ќе се смееш затоа што тоа е нешто на што не знаеш како да реагираш, не знаеш што да правиш“.
Еден од најтешките моменти за Роналдо бил кога се вратиле дома:
„Џорџина дојде дома, а децата прашаа – каде е другото бебе, каде е другото бебе?“.
This part of my Ronaldo interview is utterly heartbreaking. ? pic.twitter.com/v2Zx36RHtb
— Piers Morgan (@piersmorgan) November 15, 2022
Во тој момент Кристијано отишол со својот син Кристијано Јуниор во својата спална соба каде и двајцата плачеле. Додека пак на помалите деца, Ева, Матео и Алани Мартини, им требало повеќе време да сфатат за што станува збор.
„После една седмица реков ајде да бидеме искрени со децата. Ќе им кажеме дека Ангел замина во рајот. Потоа разбраа. Нема да ги лажам своите деца и им ја кажав вистината“, рекол Роналдо.
Освен тоа Кристијано признал дека пепелта од својот син ја чува заедно со онаа од татко му којшто почина во 2005 година, во капела која ја направил во подрумот од својот дом:
„Постојано разговарам со нив и тие се покрај мене. Тоа ми помага да бидам подобра личност, подобар татко. Горд сум на тоа... На пораката која ми ја испраќаат, особено на мојот син“, признал Роналдо.