Кога ќе се спојат Гучи и Адидас - фантазија или катастрофа? Џулија Робертс во одело кое предизвикува сè - освен рамнодушност

Точка

14/10/2022

18:14

21.613

Големина на фонт

а а а

Џулија Робертс и Џорџ Клуни ја промовираат својата нова романтична комедија Ticket to Paradise.

Џулија Робертс и Џорџ Клуни се долгогодишни пријатели и актерска двојка која соработувала на неколку проекти. Овојпат холивудскиот актер и актерка глумат во романтична комедија која се одвива на Бали.


Тие се разведен пар кој сака да ја спречи нивната ќерка да се омажи за маж кој не го познава доволно. И покрај тоа што постојано се караат, сепак меѓу нив владее хемија...


Тие сега гостуваа во една емисија, на чие снимање се појавиле модерно координирани. И додека Клуни е секогаш беспрекорен, Џулија овојпат го подели мислењето на публиката.


Холивудскиот заводник се појавил во сив костум и црна кошула, па пленел со својот изглед како и пред години, додека актерката се одлучила за костум во крем боја. Џулија носела комплет од брендот Gucci Adidas и комбинирала спорт и елеганција. Под сакото носела класична бела кошула со црна вратоврска.


Робертс чекорела насмеано во костум кој се состои од јакна со црни линии на ракавите, кои потсетуваат на тренирка, но и со логото на брендот Gucci Adidas.

Широки панталони со исти вертикални линии на страните како и сакото биле дел од комплетот, а актерката сето тоа го комплетирала со вртоглаво високи црни потпетици. Инаку, посебен детаљ од нејзиното модно издание е крзното на ракавите на сакото, а сето тоа заедно прави многу специфична комбинација на која не можете да останете рамнодушни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk