Селена Гомез се огласи на социјалните мрежи по интервјуто на Хајли Бибер, во кое се зборуваше дали го ѝ „украла“ Џастин Бибер или не.
Во епизодата од 28 септември од подкастот на Алекс Купер, Call Her Daddy, Хајли за првпат јавно се осврна на онлајн „троловите“ и изливите на омраза што ги претрпе поради врската со Џастин Бибер.
Гомез потоа објави видео во живо на ТикТок за да одговори на интервјуто и дополнително да им се обрати на обожавателите кои продолжуваат да испраќаат непријатни пораки до Хајли.
Таа им кажа на следбениците дека некои од коментарите кои Хајли ги испратила биле „гнасни и одвратни“.
Selena Gomez sends message to fans regarding hate:
— Pop Base (@PopBase) September 29, 2022
“No one ever should be spoken to in the manner that I’ve seen… words matter, truly matter.” pic.twitter.com/WVRGdevElk
Пејачката потоа продолжи: „И тоа не е фер и со никој не треба да се зборува на начинот што го видов. Сè што имам да кажам е дека е неверојатно иронично да објавам нешто што зборува само за убави зборови, бидејќи токму тоа е она што го сакам. Тоа е тоа“.
Таа потоа им се заблагодари на своите фанови за поддршката за нејзиниот трет студиски албум „Rare“.
Таа исто така истакна дека зборовите се важни: „Навистина се важни. Значи, тоа не доаѓа од мене. И само сакам сите да знаете, дека се надевам дека разбирате дека ова е многу поголемо од било што друго“.