[ФОТО] Светот во неверување: Албанската пејачка повторно успеа да шокира со својот изглед – овојпат „гола“ на „Мет Галата“

Точка

07/05/2024

14:24

16.894

Големина на фонт

а а а

Моден шок! Пејачката Рита Ора на црвениот тепих на „Мет Галата“ се појавила во комбинезон во боја на кожа, а со оглед на тоа дека ова модно парче го носела на гола кожа, запрепастувањето било уште поголемо. Се чинело дека е потполно гола, што не било далеку од вистината.

Фотографијата направена од профил јасно открила дека Рита Ора не носела долна облека. Облеката не била скроена за овој детаљ, ниту за нејзиниот моден вкус. Сепак, „Мет Гала 2024“ на тој начин го доби едно од најхрабрите модни изданија.


Рита Ора своите интимни делови ги прекрила со реси, кои не го „ублажиле“ стајлингот, туку имале спротивен ефект. Мократа фризура и шминката кои ги следеле разиграните детали на облеката ја комплетирале нејзината приказна, додека друштво ѝ правел нејзиниот сопруг, режисерот Таика Ваитити, кој бил целосно облечен – во кожа од глава до пети, што инаку е голем моден тренд.



Појавувањето на Рита Ора и нејзиниот сопруг привлекло огромно внимание, се прашуваме – како и не би?


Да потсетиме, дефилето на црвениот тепих во музејот „Метрополитен“ е проследено со изложба во „Институтот за костими“ на оваа институција, настан наречен „Заспани убавици: повторно будење на модата“, на кој биле претставени приближно 250 предмети од постојната збирка на институтот, од кои многу ретко досега биле прикажани на јавноста.


Кодексот на облекување оваа година е „Градината на времето“ инспириран од истоимениот расказ на Џејмс Греам Балард од 1962 година и може да се толкува на безброј начини.


„Мет Гала“ е хуманитарен настан и средства за Институтот за костими на Метрополитен музејот на уметноста. Од година в година настанот собира износ со осум нули.




Спонзорирани линкови

Маркетинг