(Видео) Рашковски „бега“ од новинарски прашања: Колку пари се заработуваат од мекици? Дали уште го вози „Волвото“? Дали работи софтверот?

Точка

28/09/2022

14:36

3.350

Големина на фонт

а а а

Поранешниот секретар на Владата на РМ, Драги Рашковски, е обвинет за незаконско тендерирање и набавка на софтвер, како и исплата на хонорари од кои зел за себе, а тој нема одговори на прашањата поради кои е во судница.

Рашковски бил прашан дали и натаму семејството Рашковски управува со возилото „Волво“ во сопственост на фирмата „Г.Б.Ц. системи“ од која фирмите кои добивале тендери набавувале софтвери, кабини, камери...

На прашања на новинар надвор од судницата, Рашковски одејќи одговорил:

„Читајте убаво, гледајте, следете, немојте селективно да давате ваши коментари, благодарам“.

Од Рашковски исто така бил побаран одговор и за тоа колку пари се заработуваат од мекици, откако лани и самиот тој кажал дека од таму потекнува заштедата на неговите деца, пренесува „а1он“.

Тој немал одговор ниту на прашањето дали софтверот работи, молчел и на обвинувањата од вештакот дека софтверот не може ниту да се вклучи.

При крајот од видеото сепак имало некаква реакција од Рашковски, откако му било посочено дека обвинува за селективност, а молчи на прашањата: „Ви благодарам многу“, а на укажувањето дека токму тој со молкот е селективен иако му се дава шанса да одговори на прашањата, Рашковски вели: „Убав ден, благодарам“.

Обвинителката Ивана Трајчева по судењето во изјава за медиуми посочи дека финансиското вештачење го дало одговорот на прашањето дали Рашковски навистина заработил пари од мекици и од таму потекнува заштедата на неговите деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг