Единствената принцеза која смее да ја носи: Шарлин од Монако во провидна кошула ја восхити Европа, па зададе нова модна задача

Кармин

26/09/2022

13:46

8.076

Големина на фонт

а а а

Принцезата Шарлин присуствувала на свеченото отворање на луксузната продавница за часовници во Монте Карло.

Принцезата од Монако привлекува внимание каде и да се појави, а со оглед на тоа што нејзиниот брачен живот е преполн со мистерии, не е ниту чудно што нејзиното однесување, израз на лице и движења, постојано се анализираат.

Ова е нејзиното прво појавување откако присуствуваше на погребот на кралицата Елизабета Втора.


Луксузниот бренд „Zegg & Cerlati“ е еден од омилените на принцезата, па токму таа била повикана свечено да ја отвори нивната нова продавница во срцето на Монте Карло.

За оваа прилика принцезата избрала да носи комбинација за која многу се зборува. Имено, таа облекла специјално дизајнирана провидна кошула од италијанскиот дизајнер Брунело.

Ова парче моментално не е во продажба, а претходно достигнало цена од 3.594 фунти. Кошулата има широка крагна, скриени копчиња и долги ракави кои заедно претставуваат совршена елеганција.

Шарлин кошулата ја искомбинирала со широки панталони од истиот дизајнер, а нивниот крој потсетува на здолниште, па по тоа е и специфичен кројот.

Принцезата привлекла внимание и многу позитивни комeнтари на сметка на својот изглед, а еден од нив бил и дека таа е единствената која може да носи вакво нешто и да изгледа со стил.


Инаку, ова е специфична комбинација и по тоа што „најтажната принцеза во Европа“ досега не носела вакви модни парчиња, кои всушност прекрасно ѝ стојат.

Се согласувате ли?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk