(Фото) „Паметните очила“ им донесоа прва награда на македонски научници на конференција за вештачка интелигенција

Точка

23/09/2022

14:13

27.693

Големина на фонт

а а а

Македонскиот тим на научници и инженери кои што ги создаваат наградените алгоритми за Вештачка Интелигенција во Emteq Labs, го сочинуваат: д-р Христијан Ѓорески, д-р Мартин Ѓорески, м-р Ивана Кипријановска, м-р Симон Станковски, Филип Панчевски, и Бојан Софрониевски.

За време на водечката меѓународна конференција за паметни технологии и уреди - Ubicomp и ISWC 2022 во Англија, македонски тим на научници и инженери заедно со своите англиски колеги од Emteq Labs, се здобија со прва награда за најдобра демострација на иновативна технлогија – паметните очила OCOSense. Победничката демонстрација покажува паметни очила кои што преку иновативни сензори и Вештачка Интелигенција ги препознаат изразите на лицето, а преку тоа даваат информации за емоционалната сосојба и однесувањето на корисникот што ги носи. 

Тимот на Emteq Labs со наградата за најдобро демо на Ubicomp 2022

Македонскиот тим на научници и инженери кои што ги создаваат наградените алгоритми за Вештачка Интелигенција во Emteq Labs, го сочинуваат: д-р Христијан Ѓорески, д-р Мартин Ѓорески, м-р Ивана Кипријановска, м-р Симон Станковски, Филип Панчевски, и Бојан Софрониевски. 

Д-р. Христијан Ѓорески, вонреден професор на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ/УКИМ) и водечкиот научник за Вештачка Интелигенција во Emteq Labs, со ентузијазам говори за следните чекори во развојот на очилата OCOSense: „Ова е втора година по ред како Emteq Labs со своите решенија ја добиваат првата награда на конференциите Ubicomp и ISWC. Ова научно признание е голема мотивација за нашиот млад, но силен тим на истражувачи за Вештачка Интелигенција“.

Д-р. Чарлс Ндука, извршен директор и водечки научник во Emteq Labs, изјави: „Оваа технологија е првата платформа за препознавање на изрази на лицето, човечки активности, и однесување во светот. Познат како „Fitbit за чувства“, OCOSense наскоро ќе биде достапен за сите истражувачи. Многу корисници ќе имаат корист од можноста за следење на далечина на домашен третман или медицинска терапија, вклучувајќи ги луѓето со депресија, Паркинсонова болест, парализа на лицето, и други слични состојби.”

Презентација за време на Ubicomp - Ивана Кипријановска, Data Scientist во Emteq Labs

Демонстрациите во живо на технологии и решенија за носење (анг. wearables) се составен дел од конференцијата UbiComp/ISWC. Учесниците имаат можност да ги прикажат своите прототипи и комерцијални производи на пошироката публика и медиумите. Интердисциплинарното поле на истражување “Сеприсутни Технологии” (анг. Ubiquitous computing) употребува и интегрира безжични, вградени и/или носливи мобилни технологии за да ги премости границите помеѓу дигиталниот и физичкиот свет. Конгеренцијата UbiComp/ISWC обединува врвни истражувачи заинтересирани за ова научно поле.

Целата приказна на македонскиот тим започна со основањето на компанијата АИДЕА Лаб од страна на Христијан и Мартин Ѓорески, и со создавање на иновативна платформа за следење на здравјето со помош на Вештачка Интелигенција - mAIHealth. Потенцијалот на платформата го препозна англиската компанија Emteq Labs, кои што се одлучија да ја инкорпориаат платформата, но и целиот тим од Македонија во нивната компанија. Со тоа, АИДЕА Лаб стана главниот хаб за Вештачка Интелигенција и аналитика на Emteq Labs.




Спонзорирани линкови

Маркетинг