Интервју со Томо Рицов: „После 15 години најважно е сите кои сакаат, да стигнат до Ровињ, а ние ќе се погрижиме за останатото“

Точка

20/09/2022

11:30

156.951

Големина на фонт

а а а

Во интервјуто во продолжение, Томо Рицов ги открива сите детали поврзани со јубилејното издание на Weekend Media Festival.

Го најавувате јубилејното издание на фестивалот Викенд.15 (Weekend Media Festival) со хаштагот #samodođi. Што сакате да порачате со тоа?

Пораката е посетителите да не се грижат што ќе има на програмата, ќе бидат задоволни сигурно. И со забавата исто така. После 15 години најважно е сите кои сакаат, да стигнат до Ровињ, а ние ќе се погрижиме за останатото.

Еден од гостите на овогодинешниот фестивал е Јоси Мелман, израелски новинар, писател и експерт за прашања за шпионажа и израелски тајни служби. Како ја договоривте соработката со него, за што тој ќе зборува на фестивалот?

Со него не’ поврза новинарот Игор Алборгети, негова беше идејата за ова гостување. Мелман е еден од најголемите безбедносни експерти и најдобар познавач на Мосад, за кој има напишано неколку книги, големи бестселери. Тој ќе зборува за улогата на Мосад во креирањето на политичката сцена на Блискиот Исток и пошироко. Бидејќи сферите на интерес во моментов се преобликуваат, не само на Блискиот Исток каде што поранешните противници стануваат сојузници, ќе биде многу интересно да се слушне што всушност се случува.

Кои други би ги издвоиле од гостите на овогодинешниот фестивал, кои панели ги најавувате како оние кои навистина не треба да се пропуштат?

Бидејќи доста учествував во креирањето на програмата, не ми е лесно да издвојам, не ни вклучив тема која мислам дека нема да биде интересна за посетителите. Но, ако треба да издвојам тоа е:

Предавање на Саша Савиќ, водечкиот човек на MediaCom, најголемата медиумска агенција во светот. Адвик (Adweek), најважното списание за адвертајзинг во светот, го прогласи за директор на годината за 2021 година. Ќе слушнеме од него за актуелните глобални комуникациски трендови.

Предавање на Фабио Сеидл, глобален креативен директор на Мета (Фејсбук, Инстарграм, WhatsUp...), за тоа како можеме со помош на креативноста, подобро да ја користиме технологијата.

Предавање на Мајкл Селден, извршен директор на Fineless Foods, најинтересната американска компанија за технологија на храна. Таа компанија произведува морска храна одгледана на копно. Ќе зборува за тоа дека она што ќе го јадеме за дваесет години драстично ќе се разликува од денешните навики во исхраната. Со него ќе разговара Никола Павешиќ од Инфобип, домашна еднорог компанија (компанија чија вредност е над 1 милијарда долари) и горд сум што и ние самите имаме стартап натпревар за технологија на храна чии победниците ќе ги објавиме на Викенд.

Ќе дознаеме и за Web 3.0, за проверка на факти, за тоа кои ќе бидат новите хрватски еднорози, за рекламирање во гејмингот, хумор во регионот, како да се биде релевантен за публиката со децении, дали сè уште ги водиме битките на нашите баби кога станува збор за правата на жените, а од водечките луѓе од креативната индустрија ќе дознаеме со какви зделки најмногу се „зафркнале“.

Темите на фестивалот ги следат технолошките промени во општеството, па ќе се зборува за WEB 3.0, метаверзумот, еднорозите на иднината, TikTok, нарушувањето на иновациите... но и за културата на откажување. Каков е Вашиот став за културата на откажување?

Мислам дека се отиде предалеку, би сакал Стоунси повторно да ја свират Brown Sugar на концерт, и да не се отстрануваат статуите на Мештровиќ на домородните Американци во Чикаго.

Што мислите за метаверзумот и технологијата што се развива заедно со него? Додека некои го фалат овој концепт и сè што доаѓа со него, други се склони да тврдат дека метаверзумот претставува друга форма на сајбер „засолниште“ од реалноста и реалниот свет (кој продолжуваме да го уништуваме), и дека ќе придонесе за понатамошно отуѓување на човекот.

Немам мислење за тоа, се надевам дека предавањето на Фабио Сеидл од Мета ќе ни даде многу одговори како најдобро да го искористиме метаверзумот без да го занемариме „реалниот живот“. Исто така, на Web 3.0 панел дискусијата ќе дознаеме што не чека на Интернет во иднината.

Како директор на фестивалот кој меѓу другото ја анализира и нашата медиумска реалност, како ја оценувате истата таа реалност? Што мислите за домашните медиуми, особено за интернетот, денес?

Јас сум доста критичен кон нашата медиумска реалност, особено во регионот. Медиумите треба да бидат коректор на општеството, некои го прават тоа успешно, други гравитираат кон сензационализам. Знам дека е тешко да се биде одговорен и профитабилен.

Факт е дека во голем процент од домашните медиуми читаме копирани написи и дека често се работи за банални содржини кои се „пишуваат“ за кликови, при што авторството е се' помалку застапено на интернет. Како да се постигне целокупната содржина во домашните медиуми да се крене повисоко ниво? Колкава улога би имале огласувачите во сето ова? Замислувате ли дека во Хрватска ќе дојде време кога главна валута во медиумите ќе биде квалитетот на содржината, а не бројот на кликови?

Јас сум умерен оптимист.

Која е тајната на успехот и долговечноста на вашиот Фестивал?

Тајната е во одличниот тим на Викенд. Премногу луѓе се за да ги наброиме сите.

Познато е дека многу добро се забавувате на Викендот во Ровињ. Дали сите ваши панели се само изговор за добра журка?

Преполните сали ја демантираат таа теза. Вистина е дека посетителите добро се забавуваат на концертите и забавите за време на Викенд, но тие служат и за главната цел на фестивалот - дружење и вмрежување. За овие 15 години се склучија толку многу медијски и други договори токму во Ровињ, што веќе не можам ни да ги набројам.

Информациите стануваат пократки, побрзи, најновиот тренд во кој длабоко навлеговме е TikTok и неговата форма на кратки видеа. Дали мислите дека оваа манија за што можно повеќе информации во што можно пократко време некогаш ќе престане и дека луѓето ќе се вратат на подолги форми и повнимателен интерес за одредени работи, или ќе кратиме, ќе брзаме и повторно ќе кратиме уште малку? Каде е крајот? Многумина стравуваат дека наскоро ќе бидеме на ниво на златна рипка. На пример. едно истражување покажа дека просечниот човек денес има распон на внимание од само 8,25 секунди (4,25 секунди помалку отколку во 2000 год.) Дали сте загрижени за сите оние негативни аспекти кои доаѓаат со телефоните, социјалните мрежи?

Секогаш ќе има потрошувачи кои бараат подолги и подетални анализи, и оние кои сакаат само флеш информации. Не мислам дека генерално сите ќе станеме површни корисници и дека ќе има општо затапување.

Како го замислувате Викенд медија фестивалот за 15 години?

Сличен како денешниот, квалитетно дружење во опуштена атмосфера, со паметни соговорници и постојани иновации. Ќе бидеме многу постари и се надевам попаметни, а новите генерации ќе наметнуваат трендови.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг