Фантастичен сувенир од марсовската авантура на роверот на NASA – „Perseverance“ ги направи досега најубавите фотографии од Марс

Точка

17/09/2022

14:26

31.007

Големина на фонт

а а а

Роверот „Perseverance“, којшто американската вселенска агенција NASA го испрати на Марс, заврши прекрасна работа, а сега испрати досега најубави фотографии кои ги направил на Црвената планета.

„Perseverаnce“ направи висококвалитетни фотографии од карпите, песокот и небото, а се гледаат и одредени негови делови. Роверот ги испрати досега најдеталните и најубави погледи на површината на Марс, а резолуцијата и деталите од фотографиите се неверојатни.

NASA објави видео во кое членка на оперативниот тим Рејчел Кронјак, говори за сцените и звуците од кратерот Језеро, региите кои некогаш биле делта реки.

Видеото од турнејата прикажува брда, карпи, седименти, траги од тркала на ровери и локации на кои се собрани примероци.

Бројот на пикселите на фотографиите изнесува 2,5 милијарди со што е надминат претходниот панорамски поглед на кратерот Гале сочинет од 1,8 милијарди пиксели. Новата колекција се состои од 1.118 поединечни фотографии кои се снимени со камерата Mastcam-Z, меѓу 12 и 20 јуни годинава.

Комплетната фотографија со полна резолуција е „тешка“ 3,85 GB.

Роверот открива детали од површината на Марс како никогаш претходно, а на Црвената планета пристигнал пред година и пол. NASA се надева дека роверот ќе одговори на бројни прашања за тоа дали марс некогаш имал микробиолошки живот.

Роверот собира примероци во делта кои NASA ќе ги транспортира на Земјата и ќе ги проучува.

Спектакуларната панорама е нов фантастичен сувенир од марсковската авантура на роверот на NASA.




Спонзорирани линкови

Маркетинг