Прв пат снима планета надвор од нашиот Сончев систем: „Би било грозно место за живот“

BalkanInsight

01/09/2022

22:01

27.990

Големина на фонт

а а а

Блескав гасен џин покриен со црвени облаци е снимен со инструментите на телескопот "Џејмс Веб", а научниците истакнуваат дека првата директна фотографија од егзопланета надвор од нашиот соларен систем е "историски момент за астрономијата".

Првата фотографија од егзопланета која ја направил вселенскиот телескоп "Џејмс Веб" воедно е и првата од тој вид направена во историјата, бидејќи астрономите досега директно снимиле само 20 егзопланети, и тоа само со телескопи базирани на Земјата.

Меѓутоа, поради тоа што атмосферата на нашата планета блокира најголем дел од инфрацрвената светлина, тие фотографии имаат многу слаб квалитет и тешко се распознаваат деталите.

Фотографијата која "Џејмс Веб" ја направил е првата фотографија од егзопланета која е направена со помош на инфрацрвена светлина, која сочинува поголем дел од светлината внатре во атмосферата.

Поради тоа, астрономите можат да распознаат многу повеќе детали на фотографијата и попрецизно да ја одредат масата и температурата, а ќе им овозможи да го распознаат и движењето на облаците.

„Ова е навистина историски момент за астрономијата. "Џејмс Веб" нам ќе ни ја отвори вратата да проучуваме планети во многу поширок спектар на бранови должини и подетално да го проучуваме нивниот состав. Ќе можеме да откриеме и присуство на вода“, вели професорката Саша Хинкли од Универзитетот Егзетер.

Директното снимање на егзопланетите е огромен предизвик поради светлината која ја емитува ѕвездата. Во фокус на последното набљудување е гасниот џин "HIP 65426-b" во соѕвездието Кентаур, кој е пет до десет пати поголем од Јупитер, а од Земјата е оддалечен на 385 светлосни години.

Сто пати е поодалечен од својата ѕвезда отколку што е Земјата од Сонцето, што овозможува полесно да се распознае. И покрај тоа, 10.000 пати е помалку светол од својата ѕвезда.

Најновото набљудување утврдило дека атмосферската температура на планетата е 1.300 степени Целзиусови и дека црвените облаци се од силициум.

„Тоа би било грозно место за живот“, додала Хинкли.




Спонзорирани линкови

Маркетинг