Ќе се согласите дека ниту еден ручек не е целосен додека не изедете нешто „на лажица“, а сезоната на вкусни домати е идеална за да си направите вкусна и кремаста супа за себе и вашето семејство.
Оваа супа од домати е ароматична и полна со вкус, а најдобро од сè е што се подготвува многу брзо.
Зачините, зеленчукот и доматите, како главни состојки на оваа супа, одлично ќе се вклопат.
- 500 гр. свежи домати;
- 1 главица кромид;
- 4 чешниња лук;
- 1 лажица брашно;
- сол;
- бибер;
- 1 лажица шеќер;
- 1 лажица мелени пиперки;
- магдонос;
- масло;
- зачини по вкус;
- 4 лажици тост-леб;
- босилек.
Исечете ги доматите и ставете ги во врела вода кратко време. Потоа ставете ги во ладна вода и излупете ги, па исечете ги на коцки.
Кромидот и лукот исчистете ги и ситно исечкајте ги.
Во тава истурете малку масло и кога ќе се загрее, прво ставете го кромидот да се динста, а потоа додадете лажица брашно, домати и шеќер.
Мешајте додека не се соедини.
Доматите прелијте ги со вода, намалете ја температурата и оставете ги да динстаат додека не омекнат. Потоа додадете ги зачините.
Додека се готви супата, препечениот леб исечкајте го на коцки, па зачинете го по вкус и ставете го во рерна на 180 степени неколку минути.
Послужете ја супата топла, украсете ја со босилек и ставете малку крцкаво лепче.
На здравје!