Светот е изненаден откако се појави веста дека познатиот фудбалер Жерар Пике и колумбиската пејачка Шакира не се повеќе заедно.
Никој не можел да поверува што се случило по долгогодишна врска и двајцата синови, Саша и Милан кој парот ги добил во текот на нивната љубов.
Сепак, набрзо потоа парот ја потврди веста за нивната разделба, а светски познатата пејачка продолжи со својот живот, како и нејзиниот поранешен партнер за кој сега не престанува да се пишува.
Имено, Пике ја нашол новата девојка Клара, а веста за тоа дека е во врска со девојка која има само 23 години повторно го шокираше светот.
Парот сепак, својата љубов досега ја чувал далеку од очите на папарацо-фотографите, но неодамна било откриено како изгледа новата избраничка на Пике.
BOMBAZO @socialitet5: Primer beso de Gerard Piqué con su nueva novia Clara Chía Martí tras la ruptura con Shakira #Socialité591 #WeLoveYouShakira pic.twitter.com/iS4Ykj4UGt
— Rafael García López ????? (@RafaelGarciaLAF) August 21, 2022
Тој во петокот ја одвел Клара на концерт, а додека уживале во љубовните песни тие размениле и нежности.
Цел свет ги видел како страсно се бакнуваат на трибините на концертот, а набрзо потоа видеото од нивниот бакнеж се појавил на социјалните мрежи.
Фановите на Шакира не биле воодушевени од фактот што Пике толку отворено ја покажува љубовта кон новата девојка, само неколку месеци по раскинувањето со Шакира.